Во тетовска Шкендија ја најдоа замената за левата крилна позиција по заминувањето на Лиридон Љатифи. Според најавите на подготовките во Словенија во тимот на новиот тренер Артим Положани ќе се приклучи добро познато име. Станува збор за 27 годишниот Алмир Креизиу кој е поранешен младински репрезентативец на Косово.
Тоа е „десетката“ на Балкани кој со овој клуб зад себе има многу успеси и настапи на евро-сцената а во Тетово е најавен како големо засилување. Впрочем со трансферот во Шкендија, Алмир Креизиу веднаш станува најскапиот играч во Македонија со оглед на тоа дека неговата вредност според трансфермаркет изнесува 750.000 евра. До таа сума најблиску е Иман Фетаи исто така од Шкендија чија што вредност изнесува 700.000 евра.
Поради заминувањето на Роналдо Вебстер во Универзитатеа Крајова од Романија, од Шкендија се во „потера“ и по лев бек. Сеуште без финален епилог се преговорите со Пепе Фал од Струга Трим Љум иако во фудбалската јавност овој трансфер се коментира како завршена работа.
Утре е тестот со Цеље, следи Зорја па пат за Гибралтар Фудбалерите на Шкендија веќе втора недела како се подготвуваат во Словенија каде одиграа и две тест средби и тоа го победија Копер (2:1) а загубија убедливо од Хајдук Сплит (4:0). Утре на програмата е нов тест и тоа со првакот на Словенија – Цеље. Следува и последна контрола со Зорја од Украина по што сите погледи ќе бидат фокусирани кон патот во Гибралтар и дуелот со Европа во првото квалификациско коло од Конференциската лига.















