Анисимова сепак пресилна за Лина Ѓорческа

249

Најдобарата македонска тенисетка, Лина Ѓорческа загуби во премиерниот настап на еден Гренд Слем турнир во ноејзината кариера. Во првото коло во рамките од овогодинешното издание на Вимблдон, Ѓорческа загуби од фаворизираната Аманда Анисимова од САД, со 2:0 по сетови 6:3 односно 6:2.

Ѓорческа го направи својот најголем успех во кариерата и и се спротивстави на Анисимова со сите сили но едноставно американката е пресилна во овој момент.

Мечот започна со размена на добиени гемови, пред Анисимова да поведе со 4:1, и да го направи првиот брејк во мечот, клучен во првиот сет.

Ѓорческа се врати и намали на 4:2, но Анисимова го доби својот сервис и зголеми на 5:2. Лина го доби својот сервис и намали на 5:3, но немаше сила за брејк по што американката го освои првиот сет со конечни 6:3.

Вториот сет Лина го отвори со добиен свој сервис, но повторно клучниот момент се случи при резултат 2:1, кога Ѓорческа направи двојна сервис грешка, за брејк на Анисимова.

Потоа, американката повторно се одвои со 4:1 во гемови, по  што ситуацијата веќе беше јасна. Ѓорческа доби уште еден гем за конечни 6:2 во вториот сет.

Сепак, и покрај поразот, Лина Ѓорческа испиша историја кога станува збор за македонскиот тенис, затоа што стана првиот наш претставник на еден Гренд Слем и тоа не било кој туку на Вимблдон.

 

ПретходноВОДЕЧКИОТ МОДЕЛ ВО SUV ГАМАТА НА CHERY, TIGGO 9 PRO PHEV, ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА И НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!
СледноСестина: Победи и добри резултати е нашата заедничка цел