Баерн Минхен му се заблагодари на Ненад Димитријевиќ

274

Епизодата на македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен и официјално заврши. Клубот денеска преку социјалните мрежи јавно му се заблагодари на Димитријевиќ за одиграното во дресот на гигантот од Баварија, и му посакува се најдобро во кариерата. Во исто време и самиот Димитријевиќ преку социјалните мрежи испрати заблагорадувачка порака кон клубот за кого има само пофални зборови.

Со ова дефинитивно завршува и статусот на Димитријевиќ како играч на Зенит, од каде што и беше позајмен во дресот на Баерн. Неговиот договор со тимот од Русија е истечен и летово Димитријевиќ ќе има нов клуб дефинтивно.

А кога сме веќе на таа тема, се поизвесно е дека Нено ќе се пресели во нашето соседство и ќе потпише договор со екипата на Арис од Солун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neno Dimitrijevic (@nenodimitrijevic)

ПретходноКалин Ивановски одличен против фаворитот Чепелев
СледноНОВИ МИЛИОНЕРИ ВО ЈУНИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ СКОРО МИЛИОН ЕВРА ЗА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКИ