Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да го оствари својот најголем успех во кариерата. Влезе во главната рунда на престижниот Гренд Слем Вимблдон или поинаку кажано неофицијалното светско тениско првенство.
Ѓорческа преку квалификациите успеа да стигне до првото коло во кое не успеа да ја мине фаворитката Анисимова. Не е ниту важно. Важна е улогата на нашата најдобра тенисерка која што успеа да стигне онаму каде што мечтаеше од дете. Во името на сите. Во името на сите оние кои стоеја, стојат и ќе стојат зад неа во животниот пат кој што го оди.
Пред се нејзиното семејство. На кое што Лина му се обрати преку социјалните мрежи. „До моите татко, мајка и брат“….Успеавме. Секогаш заедно, Вимблдон и историја за Македонија“….напиша Лина.
View this post on Instagram










