Пораз на македонскиот фудбалски шампион Вардар во првиот од двата дуели во првото коло од квалификациите од Лигата на Шампионите против финскиот првак КуПС.
Конечниот резултат гласи 0:2 во меч во кој финците тотално доминираа и заслужено си одат дома со капитална предност и речиси сигурен пласман во следната фаза.
„Задоволен сум од резултатот, од односот од нашиот настап вечерва. Целосно. И во одбрана и во средина и во напад. Мора да напоменеме дека ова е само прво полувреме од овој двомеч, но предноста е солидна. Задоволни сме. Мислам дека Вардар беше тактички добар. Вардар е добар тим и работите може лесно да се сменат. Првиот гол беше многу важен. Ни даде контрола врз мечот. До тогаш мечот беше израмнет. Ќе ги искоментирам само моите играчи“ – рече тренерот на КуПС, Мика Нутинен.










