Македонската младинска репрезентација го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Романија.
Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36:31, која беше и фаворит на оваа средба. Противникот ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот меч, на одморот имаше позитива од 18-14.
Во македонскиот состав се истакнаа Матески и Поповски со по шест погодоци.
Во второто коло утре од 13:30 часот, Македонија ќе игра против Хрватска, која денеска треба да се соочи со Данска. Во главната рунда ќе одат прво и второпласираните селекции од шесте групи.










