Мухова е првата финалистка на Вимблдон

62
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

Првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон е Каролина Мухова од Чешка, која по драматична полуфинална битка во три сета ја победи Американката Коко Гоф со 2:1, во сетови 6:2, 1:6, 7:6 (12:10).
Таа ќе се бори за титулата против најдобрата од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Чехинката Линда Носкова и Украинката Марта Костјук.
Ова е најголемиот успех на 29-годишната Каролина Мухова на Вимблдон и второ финале на Гренд слем во нејзината кариера, по финалето на Ролан Гарос пред три години, но сега ќе има можност да стигне до својата прва титула на најголемите турнири.

ПретходноПанче Стојанов ќе ја менаџира школата на Турново
СледноАгим Ибраими заминува од Партизани