ЕХФ ги одреди можните ривали на Тиквеш, Ѓорче Петров и Вардар пред утрешната ждрепка

99
фото: Ѓорче Петров - ЖРК (FB)

Европската ракометна федерација (ЕХФ), денеска ги објави шеширите пред утрешните ждрепки за дел од европските ракометни купови за следната сезона.

Утре во 11 часот во Виена ќе бидат одредени групите за новата сезона во ЕХФ Европскиот куп за мажи, како и групите за новите сезони во ЕХФ Европската лига за жени и ЕХФ Европскиот куп за жени.

Македонскиот претставник во Европскиот куп за мажи, екипата на ГРК Тиквеш од првиот шешир ќе го очекува својот ривал, а како потенцијални ривали се: Омонија (Кип), Киндил (Фар. О.), Сиракуза (Ита), Беса (Кос), Еш (Лук), Будванска Ривијера (Црг), Дубочица (Срб), Берн (Шва) и Спор Тото (Тур).

Нашиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, ќе се натпреварува во Европската лига и пред утрешната ждрепка за 2. коло за можни ривали ги има: Хипо (Авс), Бјеловар (Хрв), Зрински (Хрв), Бањик Мост (Чеш), Ница (Фра), Аманд (Фра), Мецинген (Гер), АЕК (Грц), Молде (Нор), Пјотрковиа (Пол), Ц. Звезда (Срб), Наиса (Срб), Амичитиа (Шва), Брил (Шва), Боден (Шве) и Скара (Шве). 

Ракометарките на ЖРК Вардар во Европскиот куп утре ќе ги чекаат ривалите од вториот шешир. Како можни противници ќе бидат екипите: Судтирол (Ита), Феризај (Кос), Истогу (Кос), Шкипоња (Кос), Егле (Лит), Жалирис (Лит), Ред Бојс (Лук), Драјн Ин Јунитс (Хол), Унирек (Хол), Алмеида (Пор) и Рума (Срб).

ПретходноМЗТ Скопје А. од шестиот шешир ќе ги чека ривалите во ФИБА Европскиот куп
СледноПо една одлука на ФИФА: Дури шест репрезентации веќе обезбедија директен пласман на СП 2030!