Ова не се случило порано: Гостите на отворањето на сезоната постигнаа само ЕДЕН гол!

190

Во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, гостинските екипи поставија анти-рекорд. Имено, никогаш претходно од 1997 година, па досега, не се случило на отворањето на сезоната гостите да бидат толку инфериорни.

Викендов на пет одиграни натпревари во премиерното коло, гостинските екипи постигнаа едвај ЕДЕН гол. Честа ја „спаси“ екипата на Арсими, која и во оној убедлив пораз во Кавадарци од Тиквеш (5:1) успеа барем еднаш да ја затресе противничката мрежа. Брегалница, Шкендија (А), Башкими и Скопје на преостанатите четири натпревари останаа на НУЛА.

Најмалку голови од страна на гостите во прво првенствено коло, досега беа забележани во сезоните 2002/2003, 2008/2009 и 2021/22 кога гостинските тимови постигнаа само 2 гола на тогаш одиграните натпревари.

За разлика од гостите, викендов домашните имаа извонредно ефикасно премиерно коло. На петте одиграни средби, домашните состави погодија 19 пати. Ова е исто така своевиден рекорд, бидејќи последен пат така ефикасно домашните ја отворија сезоната лани, кога во првото коло постигнаа 17 гола.

ПретходноПоложани бара повисоко темпо на игра на Шкендија
СледноЧурлинов, сепак, го одбра Погон Шчечин, добива договор на две години