Фазлагиќ е нов играч на Шкендија Арачиново

228

Некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија до 21. година, но и А репрезентативец, Енис Фазлагиќ е нов играч на екипата на Шкендија Арачиново.

Откако заврши со неговата епизода во Албанија, во тимот на Вора, играчот за врска имаше слободни документи да замине каде што сака, и се одлучи да се врати во домашниот ПМФЛ шампионат.

Тој претходно беше дел од тимот на Шкендија, за да потоа замине во Полска, во екипата на Висла, и да одработи неколку позајмици во истиот шампионат.

Претходно„Штиклата“ на Гаштаров го одбележа тренингот на Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноИзбран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)