Кадетите стартуваат со „пеколната“ европска мисија, прв противник е Словенија

109

Македонската машка кадетска репрезентација денеска (12 часот) го играат првиот натпревар на Европско првенство кое се одржува во Белград. Прв противник е селекцијата на Словенија, која пред две години заврши на деветото место. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски имаат тешка група, ќе играат уште против Франција и Шведска.

СпортСпорт пред седум дена разговараше со Кузманоски, ви пренесуваме дел од неговата изјава.

„Групата е дефинитивно најтешката на првенството. Веќе направивме детални анализи и собравме информации за сите противници. Доволно е да се погледнат резултатите од младинските категории на овие репрезентации, кои на последните големи натпреварувања освојуваа медали, за да биде јасно за каков квалитет станува збор.

Позитивно е тоа што за сите репрезентации ова е прво големо натпреварување за оваа генерација, па сите почнуваат од иста стартна позиција. Ние ќе отпатуваме максимално подготвени – физички, тактички и ментално – и сигурно нема да се предадеме во ниту еден момент, без разлика кој е противникот. За мене, покрај квалитетната подготовка, еден од најважните фактори ќе биде психолошката стабилност на тимот. На вакви првенства токму менталната сила, карактерот и вербата во сопствените квалитети често ја прават разликата на натпреварите“, рече тогаш Кузманоски. 

Од натпреварот во Белград ќе има директен преност на Арена Спорт МК.

 

ПретходноТолку од Вардар во Европа! До тренерот е, а тренерот има менаџер…
СледноПелистер потпиша младински репрезентативец!