Положани: Создадовме многу шанси, победничкиот гол мораше да дојде

306

Македонскиот вицешампион Шкендија оствари пласман во 3. коло од Конференциската лига победувајќи го во Скопје словенечки Браво со 3:1 (вкупен резултат 4:3). По победата, тренерот Артим Положани даде своја анализа на средбата и плановите за следното коло.

„Мислам дека беше важен натпревар, но натпревар кој беше исклучително добро одигран од нашите играчи. И за тоа морам да им честитам на играчите, бидејќи тоа е нивна заслуга. Не беше лесно поради фактот што имавме противник кој се затвора во втор блок и чека транзиции. Мислам дека го елиминиравме тоа нивно силно оружје. И покрај фактот дека пропуштивме шанси, но моментот кога ќе произведете толку шанси, голот ќе дојде. Практично може да дојде 15-тата минута, може да дојде во 30-тата минута, може да дојде во 70-тата минута, а може да дојде и во последните минути. Ова е целосна заслуга на момците. За следниот ривал нема да коментирам. Почнувајќи од утре ќе размислуваме за противникот. Мислам досега фокусот беше целосно на натпреварот со Браво“, истакна Положани.

ПретходноМанчестер Сити категоричен: Родри може да оди во Реал, ама само за 75 милиони евра
СледноПочина иконата на Милан и на италијанскиот фудбал, Франко Барези