По 81 години постоење: ФК Пелистер отвори фан-шоп!(ФОТО)

212
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola

Ете, и тоа се случи. За првпат во својата историја, во своето постоење од цели 81 години, ФК Пелистер отвори фан- шоп. Звучи малку чудно, но ете и тоа се случи во фудбалска Битола.

ФК Пелистер кој важи за еден од најголемите фудбалски клубови во Македонија, иако сега е второлигаш, конечно се одлучи на ваков потег на задоволство на своите фанови.

31.07.2026 година – Денот кога заедно испишавме историја.

За првпат во 81 година постоење, ФК Пелистер го отвори својот официјален Фан Шоп. Благодарност до секој што беше дел од овој посебен ден – на сите што нè посетивте, купивте, се фотографиравте и ја споделивте оваа радост со нас.

Ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно.

Сликите нека зборуваат повеќе, затоа што секој збор е премалку.

Ви благодариме за довербата. Се гледаме повторно на вашето ново омилено место“ се вели во соопштението на ФК Пелистер.

ПретходноИнтересно: Поштар тропна на вратата од домот на Кукуреља и го замоли за селфи, а потоа…(ФОТО)
СледноКрајот на една ера: Дон Карло потврди кои тројца играчи веќе нема да играат за Бразил!