Повеќе македонски тимови ја искористија празничната пауза на домашната фудбалска сцена за да одиграа пријателски натпревари.
Новајлијата во фудбалската елита, екипата на Шкендија (А) денеска одигра пријателски натпревар против екипата на Пелистер. На мечот кој се одигра во Скопје, Пелистер победи со 1:0. Во третиот контролен натпревар за битолчани, стрелец на единствениот гол беше Кире Ристевски.
Екипата на Башкими денеска тестираше со екипата на Камјани и претрпе минимален пораз од 0:1.
Прволигашот Арсими одигра тест-натпревар со второлигашот Тетекс. Мечот заврши со убедлива победа на гостиварци од 4:1, откако Арсими на полувремето имаше предност и од 2:0.










