Одбојкаркиот прволигаш во женска конкуренција, Пелистер од Битола, вои очекување на новата сезона претстави две интернационални засилувања. Од денеска ново име во дреот на битолчанки е Американката Џејд Вотсон. Станува збор за засилување на позицијата коректор. Вотсон во Битола доаѓа од Атланта, каде досега го носеше дресот на Лајф Јуниверзити од Џорџија.
Второто засилување за битолските „зелено-бели“ доаша од Канада во името на Натали Фанк. Таа во Битола се сели од Јуниверзити од Бритиш Колумбија во Оканаган. Фанк ќе ја засили примачката позиција восоставот на Пелистер.










