Одбојкарите паднаа на 54. место на најновата светска ранг-листа

52
фото: CEV.eu

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија направи пад од едно место на најновата ФИВБ ранг листа на најдобрите светски одбојкарски репрезентации. По завршницата на Лигата на нации беа направени неколку корекции на позициите на репрезентациите, на македонската репрезентација се најде на 54. позиција, во пад за една позиција за разлика од последниот ранкинг.

Причина за падот на Македонија на августовското рангирање е скокот на Австралија од 54. на 52. место.

На врвот на Светската листа нема промени. Полска која вчера ја освои Лигата на нации остана на првото место, пред селекциите на Италија и Русија. Во ТОП 5 листата се наоѓаат и Словенија и САД. Бугарија која ќе бид епрв противник на Македонија на претстојното Европско првенство остана на 9. место на светската ранг-листа.

ПретходноОткако Слот, Тен Хаг и Бош не се нафатија: Ван Гал повторно селектор на „лалињата“?
СледноВелковски и Јанковиќ победници на 47. „Илинденски куп“