Во тениските кулоари, почна да се говори за потенцијални казни за оние кои нема да дојдат на мастерс турнирите, по откажувањето на настапите во Монтреал од страна на голем број играчи.
Александар Зверев истакна дека таков систем веќе постои.
„Така е сега. Мислам, тоа не е наука. Добиваме бонуси на крајот од годината ако ги играме сите девет Мастерси“, рече Зверев.
На прашањето дали поголем финансиски стимул би ги убедил играчите како Новак Ѓоковиќ да учествуваат, Зверев ја отфрла таквата идеја.
„Мислите дека на Новак ќе му е грижа дали ќе добие поголем бонус? Мислам дека човекот има, ако треба да претпоставам, над 400 милиони на својата банкарска сметка, па не сум сигурен дека би му било грижа за 50.000 повеќе или помалку“, истакнува Зверев.
Мастерсот во Монтреал е на програмата до 13 август.










