Според медиумите во Шпанија: Кампацо повторно во дресот на Ц. Звезда?!

152
ФОТО:facebook.com/kkcrvenazvezda

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел да се врати во Црвена Ѕвезда, според шпанските медиуми.
Веста ја сподели на социјалните мрежи новинарот Нако Браво.
“Информациите што ми доаѓаат од Србија велат дека Кампацо би можел повторно да го носи дресот на Црвена Ѕвезда“ напиша уредникот на шпанскиот медиум Копе.

Не е тајна дека црвено-белите имаат потреба од плејмејкер. Заминувањето на Коди Милер-МекИнтајер во Олимпијакос создаде дупка на таа позиција, па затоа беа принудени да доведат ново име.
Кампацо претходно го носеше црвено-белиот дрес во сезоната 2022/23. После тоа се пресели во Реал Мадрид.
„Кралевите“ сега градат нов тим под водство на Педро Мартинез – па веќе некое време се шпекулира дека Аргентинецот би можел да ја промени средината. Кампацо одигра вкупно 44 натпревари во Евролигата минатата сезона и имаше просек од 12 поени, 5,1 асистенции, 1,9 скока и 1,1 украдени топки. Неговиот договор со Реал Мадрид е со важност до 2027 година.

ПретходноХаџиевски се врати во Дубаи, стана шеф на Ал Мединах!
СледноУЕФА со нов удар за Инфантино: Се спрема алтернативно Светско првенство!