Фарски Острови е првата пречка на Македонија во битката за СП!

331

Македонската кадетска репрезентација успеа да обезбеди место во Топ16 на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски остварија две победи после трите порази на стартот и се најдоа во позиција да се борат за место на Светското првенство 2027 година.

Прв противник во битката за пласман од 9. до 16. место е селекцијата на Фарски Острови, мечот се игра утре со почеток во 12 часот. Оваа двојка вкрстува со Португалија – Шведска. Што значи во победа или пораз, Македонија ќе игра следно со еден од овие противници.

Европското првенство – разигрување 9-16 место:

Фарски Острови – Македонија
Србија – Австрија
Португалија – Шведска
Полска – Израел

ПретходноСалах до навивачите на Трабзонспор: Дали сте подготвени?
СледноШкендија со чартер-лет тргна за Шкотска