Прв пораз на ЕП „Б“ Дивизија: Македонските кадети во „мрежата“ на Исланд

151

Македонската кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите кошаркари беа поразени од Исланд со 75-87.

И овој натпревар се одигра во одлична атмосфера, нашите надежи имаа максимална поддршка од трибините во салата „26 април“, но за жал не беше доволна за втора радост.

Шабани постигна 26 поени и 10 скока, зад него беше Зунзуровски со 22 поени.

За разлика од првата средба, денеска Македонија одигра под секое ниво во првата четвртина. Нашите момци немаа течен напад, ниту пак цврста одбрана, а противникот тоа го користеше максимално. Со серија од 12-0, Исланд поведе со 8-23 пред истекот на десетата минута.

Сепак овој лош тренд, полека се менуваше во втората четвртина. Одбраната стана поцврста, а текот на нападот беше подобар. Македонија пред крајот на овој период започна серија од 7-0 и дојде на 32-35 во 23-та минута. Три минути подоцна Коневски намали на 38-40. Нашиот најголем проблем кога се „кршеше“ резултатот беа офанзивните скокови кои Исланд ги реализираше без проблем. Во последната четвртина „црвено-жолтите“ влегоа со негатива од 56-59.

Во 32-та минута, селекторот на Исланд доби техничка грешка, но Македонија не искористи серија на слободни фрлања за да дојде до првото изедначување. Па Исланд успеа да поведе со 61-69. Во 37-та минута, противникот успеа да ја врати двоцифрената предност (65-77).

Еден помалку чуден податок за овој меч е тоа што Исланд шутна 50 тројки против Македонија.

Утре Македонија ја чека уште потешка задача, игра против Хрватска (18:30 часот).

ПретходноАнализа на судиските одлуки: ВАР правилно интервенираше во три клучни ситуации од мечот Шкендија (А) – Силекс
СледноРисто Митревски го освои Президент купот на Индонезија