Женската јуниорска репрезентација на Македонија конечно ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во Тулчеа. Нашите кошаркарки беа подобри од Норвеша со убедливи 67-41.
Овој дуел беше решен после првото полувреме. Македонија во првата четвртина поведе со 26-6, веќе во следниот период ја зголеми предноста на 40-11 за сигурен финиш и прва радост.
Ова беше прва победа после серијата од пет порази на овој шампионат.










