Положани во проблеми: Шкендија ослабена за дербито со Вардар!

460

Утре од 17 часот на Националната Арена во Скопје, ќе се одигра големото дерби во рамките на 2.коло во ПМФЛ и тоа меѓу Вардар и Шкендија. Вечерва официјална информација од таборот на тетовските “црвено – црн“ која вели дека тренерот Артим Положани има проблеми со играчкиот кадар и дека нема да може да смета на најмалку четворица свои играчи.

Ако се знае дека Бабукар Гаје и натаму е повреден, исто и Бојан Димоски, ново е тоа што и Себастијан Спахиу нема да може да настапи на овој меч. Исто така под голем знак прашалник е настапот на голманот Амзаи, па така утре на голот ќе биде Рамани, кој имаше добар настап во Единбург.

Големо прашање е дали Положани утре ќе оди на победа со сите свои преостанати сили, или пак малку ќе “дигне рачна“ што се вели ако се знае дека веќе во четврток Шкендија ја чекаа реваншот со Хиберниан во третата квалификациска рудна во Лигата на Конференции.

ПретходноБрегалница со победничко селфи: „Сините“ покажаа сила!
СледноФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“