Рома се „откачи“ од Н’Зонзи и го испрати во Катар

133

Поранешниот играч за врска на екипите на Рома и Севиља, Стивен Н’Зонзи се пресели во катарски Ал Рајан.

32-годишниот Французин потпиша 3-годишен договор со катарскиот клуб. Платата на играчот се проценува на 3 милиони евра годишно. Денеска беше објавено дека Рома е подготвена бесплатно да го ослободи Н’Зонзи, за кого и онака немаше место во првиот тим.

Во изминатата година и половина, Н’Зонзи играше на позајмица во екипата на Рен. Претходно дресот на Ал-Рајан го облече и поранешниот играч на Евертон и Реал, Хамес Родригез.

ПретходноФерги најмногу жали што не го донел Гаскоњ: „Ќе имаше голема кариера“
СледноЛШ: Интер не успеа да го освои Киев, Ајакс лесно до втора победа (ВИДЕО)