Битолчани добија големо засилување: Лука Савичевиќ во Пелистер

279
Екипата на Пелистер продолжува со градење на тимот за новата сезона. Најново од таборот на битолчани е македонскиот репрезентативец, Лука Савичевиќ, кој доаѓа од НЦАА-лигата. Неговиот кам-бек во Македонија ќе биде од големо значење и за националниот тим.
„Ни претставува особено задоволство што уште еден млад македонски кошаркар го прифати предизвикот да биде дел од нашиот проект. Кошаркар со интернационално искуство и настапи за младите категории на нашите репрезентации ќе го облече дресот на Пелистер.
24-годишниот Лука Савичевиќ доаѓа во Битола од Феникс 2010, каде што пристигна од Шпанската кошаркарска академија. Претходно настапуваше во американската НЦАА лига, од тимот на Источен Мичиген. Потекнува од македонската кошаркарска сфера, настапувал и за МЗТ Скопје. Играше во САД на универзитетско ниво, стекнувајќи искуство во американската колеџ-кошарка. Редовен член е и носител на играта во младинските селекции“, се вели во известувањето на КК Пелистер.
ПретходноДрама во Колумбија: Фудбалер исчезнат по катастрофалниот земјотрес
СледноСите закани за „бомби“ на Светското првенство: Англија, Меси и Трамп биле на мета