Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, во посета на Гевгелија (ФОТО)

86

Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.

Откако пред извесен период беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, првиот човек на ФИБА Европа повторно допатува во нашата земја, овојпат на покана на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот на Општина Гевгелија.


Гарбахоса беше гостин на натпреварот од Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, кое се одржува во Гевгелија и Скопје, и од трибините го проследи дуелот Македонија – Украина.

Во рамки на посетата, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Главчев, му посакаа добредојде на претседателот на ФИБА Европа.

Како знак на внимание и гостопримство, на Хорхе Гарбахоса му беше врачен специјално изработен дрес на КК Кожув од Гевгелија, со што беше одбележана неговата посета на градот кој во овие денови е еден од центрите на европската младинска кошарка.

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, во посета на Гевгелија
Посетата на Гарбахоса претставува уште една потврда за добрата соработка меѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, како и за значењето што европската кошаркарска организација го придава на развојот и промоцијата на младинската кошарка.

ПретходноТиквеш не знае за доста: И Бесар Гуџуфи во дресот на кавадарчани!(ФОТО)
СледноГотово е: Влаховиќ е нов член на Бешикташ!