Утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан од Шкотска.
На првиот дуел на гости, тетовци загубија со 2:1, а сега треба да ја анулираат негативата и да се пласираат во плеј офот, последната пречка пред групната фаза во ова натпреварување.
Составот на Шкендија е релативно истиот нема поголеми проблеми за тренерот Артим Положани. Голманот Гаје не е во комбинација, а она што е поважно секако е состојбата со Марко Ѓорѓиевски. Напаѓачот се пожали на болки при загревањето на дуелот со Вардар во рамките од второто ПМФЛ коло, но за среќа на тетовци не се работи за ништо посериозно и тој дефинитивно е во комбинација за утре.










