Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, веднаш по тренингот на гостите од Шкотска, свој тренинг одработија и фудбалерите на Шкендија. Тој мина во добра, работна атмосфера, со верба во себе и своите квалитети. Сите во таборот на нашиот претставник се уверени дека утре во реваншот против Хиберниан ќе успеат да победат и со тоа ќе се најдат во плеј – офот во Лигата на Конференции.
Проблем е тоа што стратегот Артим Положани има проблеми со играчкиот кадар, повреди, но сепак Шкендија има доволно добар тим и широк ростер утре од 20 часот на Арената во Скопје да тргне со сите сили во напад.
Да потсетиме дека на првиот меч во Единбург, тогаш домашниот состав на Хиберниан победи со 2:1.










