Максимов: Шкендија ми е во добро сеќавање, очекувам супер натпревар викендов

176

Во третото редовно коло од домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Брегалница го игра големото дерби против тимот на Шкендија. Во Штип владее одлична фудбалска атмосфера по победата над Арсими, а истата ја пренесува Методиј Максимов, повратникот во дресот на Брегалница ова лето.

“Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, тоа беше многу значаен период во мојата кариера и многу ми помогнаа за мојот интернационален трансфер. Во недела очекувам исклучително тежок натпревар, можеби мала олеснителна околност за нас е фактот дека во меѓувреме тие настапуваат во Конференциската Лига и имаат тежок натпревар против Хиберниан од Шкотска. Кај нас владее одлична атмосфера, соблекувалната ја краси единство, позитива другарство и одлична атмосфера. Тоа за нас е голем плус за секој натпревар, вклучително и овој.” – изјави Методи Максимов.ќ

Мечот е закажан за в недела од 19:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје.

 

ПретходноРоџер Федерер повеќе не е милијардер
СледноДисциплинска комисија при ФФМ: Торес Јоакин Едуардо пет, Анес Мељичи со три меча суспензија за инцидентот на дербито