Дисциплинска комисија при ФФМ: Торес Јоакин Едуардо пет, Анес Мељичи со три меча суспензија за инцидентот на дербито

648

Денеска дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлуки кои што се однесуваат на случувањата во второто ПМФЛ одиграно коло од новиот шампионат.

Главна тема секако, инцидентите на големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија, одиграно на Арената Тодор Проески во Скопје, кое што тетовци го добија со 0:2.

По завршувањето на истото, дојде до инцидент во кој што беа вклучено повеќе играчи од двата тима, а најдебелиот крај го извлекоа Торер и Мељичи.

– Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

Од друга страна пак, што се однесува до Анес Мељичи од Шкендија донесена е следната одлука.

– Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап на 3 натпревари, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

 

Останатите одлуки донесени на денешната седница се следните:

– Рама Ландрит, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на 1 натпревар, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Скопје и ФК Струга Трим Лум.

– ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна во висина од 600 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на нивната навивачка група на натпреварот од 1. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Брегалница 2008.

ПретходноМаксимов: Шкендија ми е во добро сеќавање, очекувам супер натпревар викендов
СледноХоландија со Чави ја промени традицијата која ја негува од 1978 година