Македонската кадетска репрезентација претрпе пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во второто полувреме целосно попушти против Ирска.
По доброто прво полувреме, следуваше голем пад во играта, особено во одбраната и борбата за скок, што резултираше со убедлив пораз од 58:83.
Селекторот Дејан Стојановски беше исклучително критичен по натпреварот, посочувајќи ги пристапот, изгубените топки, скокот и недостатокот на тимска игра како клучни причини за ваквото издание.
„Срамота е тоа што го покажавме во второто полувреме! Почнавме повторно со „мавање“ на резултатот, а не бевме подготвени да се бориме за скокови. Така не можеме никаде да победиме!
Повторно имавме изгубени топки во лоши моменти, а речиси секоја загубена топка ја казнувавме со примен кош. Кога ќе ја погледнете статистиката – 67 скока за Ирска, од кои дури 29 офанзивни – мислам дека такво нешто досега немам видено.
Не ја делевме топката и не игравме како тим. Мислам дека иако денеска беше во мал број, бидејќи со ваков пристап е срамота да се игра за репрезентација.
Ова беше нашето најлошо полувреме на првенството. На играчите ќе им дадеме јасна анализа и ќе разговараме за грешките, но повторно ќе повторам – ако не можеме да заградиме играч, а тоа е пред сè волја за борба, тогаш многу тешко можеме да победиме.
Мора веднаш, уште на следниот меч, да го смениме лицето! Да покажеме борба и секој да го остави срцето на теренот. Нема да се предаваме. Сакаме ова првенство да го завршиме со вистинското лице на оваа репрезентација.“- смета Стојановски.










