Благој Гугинов обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кајак спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. По вториот настап во квалификациите, Гугинов го потврди одличниот резултат и заврши на третото место во генералниот пласман, во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски нации.
Со овој резултат, младиот македонски натпреварувач обезбеди место меѓу најдобрите и утре ќе настапи во големото финале, каде што ќе има можност да се бори за медал и висок пласман на Европското првенство.
Сите погледи утре ќе бидат вперени кон Грандтули, каде Благој ќе го даде максимумот во борбата за европски медал.











