Силекс со втора победа сезонава

86

Во рамките од третото ПМФЛ коло, тимот на Силекс ја забележа сезонава втората победа.

По триумфот над Башкими во премиерното коло, па ремито со Шкендија Арачиново, сега кратовци пред своите гледачи беа подобри и од тимот на Скопје со конечни 3:0.

Во тотална доминација во која што Силекс постигна три гола, а промаши шанси за уште толку, избраниците на Александар Васоски и овојпат покажаа дека се сериозни кандидати за највисок пласман.

Во првиот дел имаше шанси и погодени греди, а во вториот дел голови.

Хасукиќ погоди во 48. минута, за да потоа Сековски направи пенал врз Џеков, и притоа беше исклучен. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Богдановски, за да во 78. минута Александар Мишов ги постави конечните 3:0.

Силекс по три кола има седум бода додека пак, тимот на Скопје остана на досегашниот еден освоен поен.

 

ПретходноМарко Грујиќ заедно со нашиот Серафимов во Левски
СледноОдбојкарите завршија со подготовките во Крушево, од понеделник во Скопје