ГРК Охрид го победи Вардар и го одбрани пехарот на струшкиот турнир

502
Фото: ГРК Охрид

Мала увертира за она што не очекува во новата сезона дојде од Струга. Во финалето на традиционалниот турнир што се одржува во овој град, ГРК Охрид и Вардар ги одмерија силите за пехарот, а победник од оваа пресметка излезгоа охриѓани кои славеа со 31-30. За Борис Ројевиќ ова е само втора победа во пресметките со актуелниот првак.

Во првото полувреме видовме изедначена пресметка со промени на водството, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина со предност од 15-13. Во вториот дел Вардар се издигна со 6-3 серија поведе со 18-19. Налетот на „црвено-црните“ го прекина Талески, кој израмни на 19-19.

Неколку минути после средината на второто полувреме се случи пресврт, ГРК Охрид со три гола по ред поведе со 25-22. Ова беше период во кој нападот на „црвено-црните“ не функционираше, едноставно немаа решение за цврстата одбрана на противникот. Со два погодоци, Вардар намали на 25-24. ГРК Охрид не потпадна, на осум минути до крајот повторно имаше плус три (27-24). Но, неизвесноста продолжи, бидејќи актуелниот првак постојано притискаше беше на гол до два негатива.

На две и пол минути до крајот, ГРК Охрид повторно имаше три гола позитива (31-28). Драмата беше неизбежна, Валах запиша важна одбрана, а Малус доближи на 31-30 на минута до крајот. ГРК Охрид не го искористи првиот напад за победа, но имаа среќа топката отиде во аут, не се снајдоа, Талески не стави печат, па останаа три секунди за напад за Вардар. Чупиќ ја нацрта акцијата, но истата не беше реализирана, Славиќ ја запиша 11-та одбрана.

Инаку третото место го освои Прилеп, кој славеше против Струга со 30-29, додека во битката за петтото место победи Дубочица беше подобра од Бутел Скопје со 29-31.

ПретходноВо големото дерби во Словенија: Тренчовски и Митровски во финишот испуштија победа против Марибор!
Следно“Нозете ми откажуваат“: Новак во агонија во Синсинати и со пораз на стартот!(ФОТО)