По дербито во Струга, каде домашната Струга ТЛ со 1:0 го победи Вардар, вечерва со свој коментар за делењето на правдата искочи и Фудбалската федерација на Македонија.
„Високо квалитетно судење на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар.
Во една од клучните судиски ситуации, одбранбениот играч на домашната екипа игра со рака во неприродна положба, јасно одвоена од телото, со што го спречува развојот на акцијата на гостинската екипа. Станува збор за казниво играње со рака, а главниот судија е во непосредна близина, со непречен агол на гледање, и правилно досудува удар од белата точка.
Во сите останати ситуации, вклучително и при изрекувањето на дисциплинските мерки, одлуките на судиската екипа се правилни. Натпреварот е технички и дисциплински контролиран, без регистрирана судиска грешка“.















