По триумфот во дербито: Струга Трим Лум им се заблагодари на фановите – вие сте ПОСЕБНИ!(ФОТО)

95

Убаво фудбалско попладне вчера во Струга. Имено се играше дербито на 3.коло меѓу некогашниот против актуелниот шампион, Струга Трим Лум против Вардар. Победија домашните со голот на Христијан Малески, а велиме убаво фудбалско попладне и поради самиот амбиент на трибините, на кои имаше доста гледачи. Струга и Струга ТЛ уште еднаш се покажаа како добри домаќини, како верни фанови на своите љубимци во дресовите на струшкиот прволигаш.

И кога е така, а така е, тогаш не изненадува потегот на раководството на клубот кој преку своите социјални мрежи им се заблагодари на своите фанови за поддршката и ги нарече – посебни.

ПретходноГо платија само 8,5 милиони евра а дури вчера сфатија каков “ѕвер“ имаат во нападот!(ВИДЕО)
СледноВардар со стартна победа во Регионалната лига против Војводина