Мајсторија на Баена: Атлетико Мадрид победнички на стартот во новата сезона во Ла Лига!

65
ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/

Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и тоа пред своите фанови.

Иако без своите главни напаѓачи, Алварез и Серлот, “Јорганџиите“ победија во нивни стил на “Метропилитано“ во Мадрид. Им дозволија на гостите да одиграат добро, да создадат неколку опасни шанси, Облак спасуваше за да со головите на Ли Канг – Ин во 70.минута и со мајсторијата од слободен удар на Алекс Баена во 85.минута, ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Сепак, за Чоло Симеоне секако дека е најважно е да се победува, а не како се победува.

ПретходноЛШ плеј-оф: Бодо/Глимт е веќе во групната фаза, Цеље е пред историја