Ван Дајк: Минатата сезона беше неприфатлива, имаме шанса за враќање

50
ФОТО: Liverpool FC/FB

Капитенот Вирџил ван Дајк гледа желба во соблекувалната на Ливерпул за подобра сезона од минатата во англиското фудбалско првенство. Неуспешната кампања заврши со промена на тренерот, а Мерсисајдс сега ги предводи Андони Ираола, чија цел ќе биде значително да го подобри петтото место во Премиер лигата од минатата година.

„За мене како играч на Ливерпул, минатата сезона беше апсолутно неприфатлива“, рече капитенот. „Ја оставаме зад себе. Имаме шанса да се поправиме и се надевам дека ќе ја искористиме. Знаеме колку ќе биде тешко, но ако не сме подготвени да го прифатиме предизвикот, тогаш немаме место во овој клуб. Ја гледам желбата кај сите и со нетрпение ја очекуваме шансата да се докажеме“, изјави Ван Дајк на веб-страницата на клубот и додаде.

„Мора да покажеме дека ни е грижа, дека сакаме да играме за значката. Сакаме да покажеме дека сме многу свесни за тоа каква привилегија е да се игра за Ливерпул“, продолжи тој.

„Минатата година Борнмут играше одличен фудбал под водство на Ираола. Ако работиме, веруваме, го покажеме нашиот квалитет и останеме без повреди, ќе победиме на многу натпревари и ќе се опоравиме. Тоа е нашата цел и кон тоа ќе се стремиме, без разлика колку е тешко“, заклучи дефанзивецот.

ПретходноАвстрија една измена во составот пред пресметката со Македонија
Следно„ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА“ – Документарниот филм за 20 години „Спортско радио 90.3 фм“ на фестивалот во Златибор