КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

70

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера дури и беше асистент при постигнувањето на првиот гол за гостите. За разлика од него, Дамјан Шишковски беше на клупата за резерви.

Ренџерс на Бојан Миовски славеше минимално со 1:0 на мечот со Јаблонец, но нашиот голгетер повторно не доби шанса. Тој целиот меч го преседе на клупата за резерви.

Финалистот во Лигата на Европа минатата сезона, екипата на Фрајбург, успеа да слави со високи 3:1 на гостувањето во Шкотска кај Мадервел и веќе може да се смета за сигурен патник во главната фаза на Конференциската лига.

Екипата на Монако направи важен чекор кон квалификациите во главната фаза, откако победи со 3:2 на гостувањето кај Горник Забже во плеј-оф рундата од натпреварувањето.

Брајтон одигра нерешено 0-0 на гостински терен против Тромсo во првиот натпревар. „Галебите“ имаа добри шанси во Северна Норвешка, но не успеаја да постигнат гол. Место во главната фаза ќе бараат на реваншот дома.

Ништо подобро не се снајде ниту италијанскиот фаворит Аталанта. На мечот во Бергамо, Италијанците одиграа 0:0 против Хапоел ТА и сега ќе мора да тргнат со сите сили на победа на реваншот.

ПретходноБарселона сака да го купи голгетерот на Клуб Бриж
СледноВардар го победи и Нексе, против Тримо за финале на турнирот во Охрид