Ништо ново, ништо невообичаено кога станува збор за фудбалски меч а посебно во Македонија. Имено во еден момент во првото полувреме на средбата во Штип, куче го прекина натпреварот, кое сакаше малку да се “прави важно“, ама тоа траеше кусо, по што откако беше отстрането од теренот, натпреварот продолжи.
Со оглед на тоа дека се игра под светлоста на рефлекторите, има и доста публика. Новата трибина на Градскиот стадион е преполна.















