Фудбалската селекција на Македонија, односно У-20 тимот, вечерва на својот прв меч на Медитеранските игри во Таранто, одигра без нерешено 0:0 против соодветната селекција на Тунис.
Тоа значи дека избраниците на селекторот Александар Таневски освоија бод на својот прв меч во групата А, во која се и репрезентациите на Турција и Мароко. Првите две екипи ќе одат во следната фаза, во полуфиналето на фудбалскиот турнир на Медитеранските игри во Таранто, а Македонија допрва треба да игра со Турците и Мароканците.










