Столе Димитриевски синоќа на мечот со Селта просто блескаше на голот на Валенсија. Овој меч заврши со резултат 0:0, Македонецот имаше неколку одлични одбрани, но со една посебно се истакна. Токму затоа Ла Лига преку својот медија центар на социјалните мрежи и тоа како го истакна настапот на нашиот репрезентативен голман, нарекувајќи ја таа одбрана на Македонецот – брилјантна.
Јасно е дека Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, сега конечно сфатија и во неговата Валенсика какво чудо од голман имаат во своите редови.
Столе тргна сезонава во Ла Лига со “чиста мрежа“, наше е да му посакаме успешна сезона.
⛔ A mano cambiada.
¡Paradón de @Dimitrievski1 en el ValenciaCelta!
LALIGAHighlights | VUELVELALIGA pic.twitter.com/tjJOtyPYsN
— LALIGA (@LaLiga) August 22, 2026










