Македонската сениорска кошаркарска репрезентација во делот од подготовките за вториот претквалификациски прозорец за Евробаскетпт 2029 година, денеска во Скопје имаше можност да одигра и едне тренинг натпревар. Станува збор за еден пријателски спаринг дуел со скопски ТФТ кој се нафати да им помогне на момците во „жолто-црвено“ да ја темпираат формата за неделниот дуел со Австрија.
Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а на денешниот тренинг дуел имаше можност да работи и на воигрување на Нено Димитријевиќ и новиот Американец со македонски пасош, Мозес Рајт.










