Ништо ново од избраниците на селекторот на У-20 Македонија, Алексндар Таневски. Денеска во последниот меч од групата А на Медитеранските игри во Таранто, пораз и од Мароко и тоа со 1:5. Па така Македонија се најде на убедливо последното место на табелата и го зварши својот настап со едно реми и два порази и со само еден постигнат гол и дури осум примени. Последни сме во групата со Турција, Тунис и Мароко.
Секако лош, катастрофален настап на селекцијата чиј предводник е Таневски.
Интересно е да се каже дека на денешниот меч со Мароко примивме гол во 43 секунда, потоа Дарјан Тасев израмни во 4.минута, за да противникот на крајот дојде до убедлива победа.
Во самиот финиш на средбата, во 90.минута црвен картон доби селекторот Таневски поради протест, претходно исклучени беа Николовски и Шаботиќ.
За У-20 Македонија денеска против Мароко настапија:
Јовановски, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Матески, Незировски, Тасев, Голубов и Тасевски. Играа уште и Николовски, Манојлов, Арифи, Делов, Бојаџиев.










