Во вториот меч во регионалната ракометна лига, нова победа за ракометарите на РК Пелистер.Битолчани пред својата публика во салата “Боро Чурлевски“ славеа против Ловќен со 45:33.
Тоа беше чиста рутина, се чини дека ако избраниците на стратегот Лино Червар, сакаа да одиграат на уште повисоко ниво, а немаше потреба, че славеа уште поубедливо.
Капитенот Филип Кузмановски уште еднаш одигра на ниво, беше стрелец на 14 голови, Хенигман запиша 10, Атанасијевиќ 7.
Јасно е сега дека на Лино и на Пелистер им е лесно кога го имаат во тимот капитенот на Пелистер, но и капитенот на нашата А-ререзентација.
Гостите од Црна Гора поведоа со 0:1 и тоа беше единствен пат да имаа водство на овој меч.Како што одминуваше времето домашнитиот тим си ја билдаше разликата па така на одмор се замина со 24:15.
Во продолжение беше тоа само рутинско одработување на работата и шанса Червар да испроба некои варијанти, како во дефанзивата така и во нападот.










