ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

311
ФОТО:.facebook.com/nkcelje/

Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Од првиот меч во Словачка имаше Цеље 1:1, така беше и по регуларните 90.минути вечерва на свој терен, ама во продолженијата тимот на Слован со голот на Мартинез во 100.минута успеа да дојде до победа од 1:2 и пласман во Лигата на Шампионите.

Ова значи дека во новата сезона ќе нема ниту еден клуб од екс – СФРЈ во Лигата на Шампионите откако вечерва во реваншот и Динамо Загреб беше елиминиран од норвешкиот Викнг. Секако дека ова е дебакл за овие простори, па и не е ако се знае кој се ги води најголемите и најтрофејни клубови во овие земји, како на пример во Србија и Македонија.

Во новата сезона во ЛШ нема да има наш фудбалер, откако Левски на Никола Серафимов беше елиминиран од АЕК.

Инаку ова се сите 36 клубови кои ќе играат во ЛШ, а утре во 18 часот ќе се одржи ждрепката односно ќе се добие распоредот на екипите кои со кои ќе играат.

ПретходноМоќен е овој Реал: Мбапе, Мбапе, Мбапе + Вини за “два од два“