Се повреди Фарахан: МЗТ Скопје во пријателски меч ја победи Бора

77
ФОТО:.facebook.com/kkmztskopje

МЗТ Скопје ја победи косовска Бора (71-69) во тврд контролен меч, кој на моменти имаше интензитет на важен дуел од некое меѓународно натпреварување!

Кошаркарите на шампионот одиграа борбено, покажаа голема желба и на крајот дојдоа до посакуваната победа. Триумфот беше обезбеден без македонскиот репрезентативец Петар Бошалески, но и без Ноа Фарахан, кој уште на самиот почеток го повреди коленото.

Во прв момент ситуацијата делуваше максимално сериозно, но подоцнежното однесување на Американецот дава надеж дека не е ништо страшно. Повеќе информации ќе има по деталните лекарски прегледи.

Следна обврска на избраниците на тренерот Васко Атанасов е настапот на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото“, кој е закажан за 16 и 17 септември во Битола.

МЗТ Скопје – Бора 71-69 (14-14, 15-20, 20-19, 22-16)

МЗТ СКОПЈЕ: Фарахан, Крајиниќ 8, Б. Стојановски, Андоноски 3, Василевски 5, Л. Стојановски 8, Варнер 21, Маслинко 7, Д. Стојановски, В. Стојановски 10, Николиќ 9, Величковски.

ПретходноОчајниот Тотенхем не знае што е гол, а победа е само “научна фантастика“!
СледноАлкалоид победнички во Битола, победија и ГРК Охрид и Вардар