Евроволеј 26: Европскиот шампион ја покажа силата, ние гледаме кон Португалија и Израел

107
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Софија. Денеска во натпревар против актуелниот еверопски шампион Полска, нашите одбојкари ослабени со неиграњето на капитенот Никола Ѓорѓиев, се обидоа да го дадат максимумот во трите сета и да го искористат овој натпревар како генерална проверка на силите пред клучните натпревари со Португалија и Израел. Полјаците на крајот славеа убедливо со 0:3 (19:25, 15:25,

По повредата на Никола Ѓоргиев селекторот Миленкоски реши мечот да го почне со младиот Кристијан Илијев на коректорската позиција. Многу промени имаше и во послкиот состав, кој рака на срце, на секоја позиција има подеднакво квалитетни одбојкари и на терен и на клупа. Сетот го отворивме во егал до 6:6, по што следуваа неколку наши грешки и Полска успеа да се одлепи на плус 4 (8:12). Колку и да изгледаше тешко, Македоија успеа да ја врати стабилноста и да намалиме на 12:13. Полјаците со умешна игра само ја одржуваа предноста, иако и нашите помлади момци како Илијев и Илиев, заедно со искусниот Љафтов успеваа да не враќаат во тесна негатива. На крајот по две наши грешки во серија Полска го доби сетот со 19:25. Во овој сет Стојан Илиев освои 5 поени, додека Љафтов имаше 4.

Во вториот сет Полска го подигна нивото на игра, но и ние направивме многу грешки кон средината на сетот, кој не оставија без реални шанси да се бориме за поголем број на освоени поени. Полска се одлепи на 10:15 и оттогаш не успеавме да се вратиме со шанси достојно да му парираме на фаворитот. Полјаците умешно го затворија сетот со 15:25 за предност и од 0:2. Маџунков со 4 поени беше најефикасен за нас во овој сет.

Третиот сет почна со доминантна игра на Полска и прилично брзо обезбедена предност (3:8). Миленкоски во игра го внесе и младиот Ефремов кој ја презеде улогата на коректор во нашиот тим и во неколку наврати имаше успешни реализации. Полска ја зголемуваше разликата до 6:13 кога Миленкоски побара прв тајм-аут. До крајот на сетот шанса добија и Давид Стојанов на техничарската позиција и Михајло Мирасчиев на позицијата среден блокер, а Полска без поголеми проблеми славеше со 13:25 за конечни 0:3.

Љафтов го заврши мечот со 6 поени, 5 имашеСтојан Илиев, додека по четири поени запишаа Савовски, Маџунков и Кристијан Илијев. Кај Полска денеска најрасположен беше Болаџ со 13 поени.

Претходно во нашата група, Израел во пет сета со 3:2 славеше над селекцијата на Португалија и си отвори врата кон она четврто место кое води во осминафиналето. Сепак, пред нив е и мечот со Македонија во петтото коло кој може да биде и одлучувачки за тоа која селекција ќе оди во следната фаза.

 

ПретходноСкандал во С. Арабија: Фановите со срамни повици до Португалецот, го споменуваа починатиот Диого Жота! (ВИДЕО)
СледноХаланд го доби градското дерби за Сити против Јунајтед (ВИДЕО)