Македонската одбојкарска репрезентација го потврди своето реноме во европски рамки. Оваа одбојкарска селекција со победа над Израел го заврши своето четврто учество на континенталните собири, а дел од повозрасните веројатно ќе го паметат и како еден од своите најдобри натпревари на овие шампионати.
„Одигравме најдобро, мотивирачки, нешто што требаше да го покажеме и вчера со Португалија. Навистина ќе бевме многу посреќни. Но вчера одигравме еден од полошите натпревари во репрезентативната кариера, но таков е спортот, се случи кога не требаше. За крај, чиста победа од 3:0. Таа самата го покажува нашето вистинско лице“, порача еден од нашите најдобри реализатори и денеска, Александар Љафтов.










