Шпанците целосно му го свртеа грбот на Мбапе, па тој објасни зошто ја скрил пораката на дресот

136

Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Ибрахима Конате се најдоа на удар од шпанската јавност откако не успеаја да ја покажат својата поддршка за луѓето од Сеута како што се очекуваше, а францускиот напаѓач одлучи да проговори и да објасни зошто го сторил тоа.

Играчите на Елче и Реал излегоа на теренот облечени во маички со порака за поддршка на луѓето од Сеута поради мигрантската криза што неодамна го погоди тој шпански град.

На маичките беше напишано „Todos somos caballas“ („Сите сме Кабаљас“) во знак на солидарност со луѓето од Сеута, но главна тема стана споменатото трио од кралскиот клуб.

Мбапе, Винисиус и Конате носеа маички, но тоа го правеа на специфичен начин за да не се гледа она што беше напишано на нив.

Поради ова, играчите на Реал се најдоа под силен напад од шпанската јавност, а Мбапе реши да реагира и да објасни зошто направил таков потег.

„Сакам добро да го објаснам ова за луѓето да разберат што зборувам. Клубовите донесоа одлука да ги носат овие дресови и ние играчите моравме да го почитуваме тоа“, почна и продолжи Мбапе.

„Првото нешто што сакам да го кажам е дека сум во целосна солидарност со Сеута и сите жртви затоа што пред сè сум човечко суштество, а само потоа фудбалер. Но, исто така сакав да покажам гест дека мислам на сите мигранти кои ги загубија своите животи и кои се исто така во тешки услови“.

„Не беше лесно да се направи тоа затоа што луѓето може да мислат дека сум против жителите на Сеута, но не, тоа апсолутно не е вистина. Тие ја имаат мојата целосна поддршка, но мора да мислиме и на мигрантите кои загинаа во потрага по подобар живот“.

„Не сакав да го истакнам страдањето на некого над страдањето на друг. Луѓето страдаат и многу ми е жал за она што се случува во светот, бидејќи им посакувам на сите се најдобро. Сакам да испратам порака за мир со надеж дека оваа ситуација наскоро ќе се реши.“

ПретходноФлик со лоши вести за Ливаковиќ
СледноСимеоне: Денес бевме конзистентни во текот на целиот натпревар