Од денеска па се до среда на програмата се петте натпревари од 8.коло во ПМФЛ. Последно пред тринеделната пауза поради настапите на нашата репрезентација во Лигата на Нации.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата. Па така денеска во Гостивар, на мечот Шкендија – Башкими главен судија ќе биде Фатмир Бафто, додека на утрешниот меч меѓу Вардар и Шкендија (А) ќе го суди Доне Ристовски.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова коло. Со оглед на тоа дека се игра во среда (23.10), сеуште нема делегирано судии за дуелот Брегалница – Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО
ДЕНЕСКА – 16 ЧАСОТ
Кратово: Силекс – Тиквеш (Игор Стојчевски)
Гостивар: Шкендија – Башкими (Фатмир Бафто)
САБОТА – 20 Ч
Скопје (ФФМ): Вардар – Шкендија Арачиново (Доне Ристовски)
ПОНЕДЕЛНИК – 16 Ч
Струга: Струга ТЛ – Арсими (Бењамин Керими)
СРЕДА – 18 Ч
Штип: Брегалница – Скопје (/)















